Виктор Осимен би можел ова лето да стане ново засилување на Реал Мадрид, а оваа опција станува реална доколку Винисиус Жуниор се пресели во Саудиска Арабија.
Според информациите на порталот Fichajes, Реал го гледа нигерискиот напаѓач како потенцијална замена за бразилскиот фудбалер, кој оваа сезона постигна 20 голови и имаше 14 асистенции во 42 натпревари.
Винисиус се најде пред искушение поради огромната понуда од Саудиска Арабија, која, како што се наведува, му понудила петгодишен договор вреден милијарда евра! Понудата вклучува и рекорден трансфер на Винисиус, што би значело дека Реал би инкасирал 300 милиони евра од неговата продажба.
Токму поради оваа ситуација, интересот за Осимен не е за отфрлање. Ако Нигериецот се пресели во Мадрид, најверојатно ќе ја заземе позицијата „деветка“, додека Килијан Мбапе би се преместил на левото крило.
Осимен има договор со Наполи до летото 2026 година, но е очигледно дека претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, сака да го продаде ова лето. Откупната клаузула за него изнесува 75 милиони евра.