ПРВ.мк

Навивачите на Шкендија со скандалозен потег: Ја нарушија минутата молк за жртвите во Кочани

Навивачите на Шкендија со скандалозен потег: Ја нарушија минутата молк за жртвите во Кочани
Jumbo Banner

Македонија тагува по 59-те млади животи згаснати во катастрофалниот пожар во Кочани, но во Тетово се случи крајно непримерен и нечовечен потег.

Пред почетокот на натпреварот меѓу Шкендија и Брера, фудбалерите, стручните штабови и судиите ја испочитуваа едноминутната молк во чест на жртвите. Сепак, навивачката група „Балисти“ не покажа почит кон трагедијата – тие продолжија да навиваат и да свират, игнорирајќи го молкот.

Овој потег предизвика силни реакции во јавноста, бидејќи станува збор за трагедија што ја потресе целата држава и во која животот го загубија десетици млади лица. Наместо ривалство или спортска нетрпеливост, овој момент требаше да биде чин на солидарност и човечност.

Однесувањето на „Балистите“ е осудено како некоректно и непочитувачко, особено во момент кога цела Македонија е во жалост поради една од најголемите трагедии во поновата историја на земјата.

Видео

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран