ПРВ.мк

Ѓоковиќ доби неочекувана понуда

Ѓоковиќ доби неочекувана понуда
VERO Banner

Поранешниот американски тенисер, Тенис Сандгрен (32), му понуди помош на Новак Ѓоковиќ во моментот кога српскиот ас поминува низ еден од најтешките периоди во својата кариера.

Ѓоковиќ не ја започна сезоната како што посакуваше. По поразот во четвртфиналето во Бризбејн од Рајли Опелка, повредата го принуди да го предаде полуфиналето на Австралијан Опен.

Потоа следеа рани порази на турнирите во Доха и Индијан Велс, што предизвика загриженост меѓу неговите навивачи.

Сандгрен, кој е познат како голем почитувач на Ѓоковиќ, се огласи преку социјалната мрежа „X“ и кратко порача:

„ГоАТ (најдобар на сите времиња) се мачи. Можам да помогнам.“

Американецот, кој претходно јавно го поддржа Ѓоковиќ во контроверзиите во Австралија, сега јасно истакна дека е подготвен да биде дел од тимот на најдобриот тенисер на светот.

Сепак, засега не е познато дека тренер на Новак Ѓоковиќ, барем до Вимблдон, ќе биде Енди Мари.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран