ПРВ.мк

ЗОО Скопје: Јагуарката Инес под интензивна нега, откриени метастазирани тумори, се прави сè за нејзината благосостојба

ЗОО Скопје: Јагуарката Инес под интензивна нега, откриени метастазирани тумори, се прави сè за нејзината благосостојба
Jumbo Banner

Јагуарката Инес, една од најстарите жителки на Зоолошката градина, е под постојан надзор на ветеринарните експерти откако кај неа биле откриени метастазирани тумори.

Инес има 22 години, што е значително над просечниот животен век на јагуарите во природата, кој изнесува од 12 до 15 години. Во зоолошките градини, најстарите единки доживуваат до 23 години, што ја прави Инес вистински борец.

Тимот од Факултетот за ветеринарна медицина, заедно со вработените во Зоолошката градина, интензивно работи на нејзиното лекување и подобрување на нејзината благосостојба. Преку детални испитувања и компјутерска томографија, биле откриени здравствените проблеми, а сега се преземаат сите можни мерки за да ѝ се олесни состојбата.

„Грижата за животните секогаш треба да биде на прво место. Заедно со експертите од Факултетот за ветеринарна медицина, правиме сè што можеме за подобрување на здравјето на Инес, но и на сите други животни. Факултетот располага со најсовремена апаратура и врвни ветеринари кои несебично се вложуваат во оваа мисија,“ истакнуваат од Зоолошката градина.

И покрај здравствените предизвици, Инес останува симбол на издржливост и сила, а нејзиниот тим се бори да ѝ обезбеди најдобра можна грижа во оваа фаза од нејзиниот живот.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран