ПРВ.мк
Скопје

Започнува тестирањето на камерите на „Безбеден град“: Утре затворени сообраќајници низ Скопје!

Започнува тестирањето на камерите на „Безбеден град“: Утре затворени сообраќајници низ Скопје!
Kristal

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 20 јануари (вторник) до 31 јануари (сабота) ќе се спроведува тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени во рамки на проектот „Безбеден град“ за сообраќаен надзор.

Тестирањата ќе се реализираат секој ден од 08:00 до 20:00 часот. За време на овие активности, возилата на локациите каде се врши тестирањето нема да можат да минуваат додека трае постапката, па се очекуваат временски затворени сообраќајници на одредени точки во Скопје.

Во првата недела, активностите ќе се фокусираат исклучиво на локациите каде се поставени камерите на подрачјето на градот.

МВР ги повикува граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања и да покажат трпение и соработка, со цел тестирањето да се спроведе непречено и безбедно.

Ова е дел од пошироката стратегија за подобрување на сообраќајната контрола и зголемување на безбедноста во градот, а завршените тестирања ќе овозможат ефикасно функционирање на камерите во рамки на проектот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo