Скопјани наскоро ќе добијат сосема нов булевар, а интензивните градежни работи веќе се чувствуваат на теренот кај Момин Поток. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски сподели снимки од активностите и објасни дека работите напредуваат со полна пареа.
Во моментов се гради атмосферска канализација во средишното зеленило на булеварот Никола Карев, на потегот од река Серава до раскрсницата со булеварот Словенија. Исто така, се работи и на левиот крак од новиот мост на Серава, кој ќе овозможи коловозни ленти кон клучката Момин Поток.
„За оваа делница конечно се пробива трасата“, напиша Ѓорѓиевски, додавајќи дека се отстрануваат сите објекти на трасата за да се забрза изградбата.
Со завршувањето на овој проект, сообраќајот во овој дел од Скопје ќе стане значително пофлуиден, а жителите ќе добијат модерна и безбедна инфраструктура за секојдневно користење.
















