ПРВ.мк

Уцена во Скопје: Барале пари од стоматолог за да сокријат скандалозно видео!

Уцена во Скопје: Барале пари од стоматолог за да сокријат скандалозно видео!
VERO Banner

Според Обвинителството, двајцата соизвршители делото го сториле за време на закажан преглед во ординацијата на стоматологот од кого ги побарале парите за да не го објават видео со наводна компромитирачка содржина

33-годишен скопјанец со уште едно неидентификувано лице со сила и закани принудувале стоматолог да им исплати 5 000 евра, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

Според Обвинителството, двајцата соизвршители делото го сториле за време на закажан преглед во ординацијата на стоматологот од кого ги побарале парите за да не објават видео со компромитирачка содржина за стоматологот. 

Од обвинителството велат дека за случајот е отворена истражна постапка.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Изнуда согласно член 258 став 1 во врска со членовите 19 (во обид) и 22 (во соизвршителство). Осомничениот 33-годишен скопјанец, заедно со уште едно лице кое досега не е идентификувано, со сила и сериозна закана се обиделе да принудат еден оштетен стоматолог да им исплати 5 000 евра. Откако претходниот ден осомничениот се јавил и закажал термин како пациент во ординацијата, на 29 јануари двајцата соизвршители дошле на закажаниот термин. Осомничениот од неговиот мобилен телефон му покажал на стоматологот видео клип со наводно компромитирачка содржина и побарал од него 5 000 евра за да не го објави“,соопшти Обвинителството.

Оштетениот стоматолог почнал да го снима разговорот со својот мибилен телефон, но осомничениот забележал, му го одзел телефонот и го избришал сниманиот раговор.

„Потоа го натерал оштетениот заедно да излезат од ординацијата и се обиделе насилно да го внесат во автомобил. Оштетениот одбил, по што осомничениот му се заканил уште еднаш дека ќе треба и дополнително да плати затоа што ги снимал, па двајцата сторители заминале во непознат правец“,велат од Обвинителството.

Според Обвинителството, се работи на откривање на идентитетот на вториот осомничен, додека за првиот предложени се мерки на претпазливост – обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање патна исправа, како и забрана за приближување или контактирање со оштетениот.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран