На 07.03.2025 година во 13.30 часот во СВР Скопје, Т.Р. од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, настанал пожар во подрумски простории од станбена зграда. Повредени лица нема.
Од екипа на Бригадата за против пожарна заштита пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што било констатирано дека пожарот настанал при заварување од страна на М.Р. во подрумски простории во кои што се чувале канти со нафта.