ПРВ.мк

Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“

Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“
VERO Banner

Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Оваа година, маршот се одржува под слоганот „Нека јадат ружи!“.

Организаторите повикуваат на женски марш и солидарен женски бојкот за да се одбележи денот на економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените. Тие истакнуваат дека 8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази, туку за феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија.

Маршот ќе заврши во паркот „Жена борец“ со завршни обраќања до јавноста и институциите.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран