Во Скопје се случи нов инцидент со несовесен возач, што продолжува со хаосот во сообраќајот и непочитувањето на сообраќајните правила. На видеото направена во близина на трговскиот центар „Мавровка“ се прикажува моментот кога возило на марката Audi се движи по пешачка и велосипедска патека, загрозувајќи ги пешаците и велосипедистите.
На снимката се гледаат две жени и мало дете на патеката, жените се обидуваат да го заштитат детето, додека во исто време поминува и велосипедист.
Видеото од инцидентот можете да го погледнете на следниот линк.