Утре, петок (28 март 2025), поради планирани технички зафати, без напојување со електрична енергија ќе бидат повеќе делови од Скопје.
Според најавите, струја нема да има во селата Горно Нерези и Горни Крушопек во периодот од 09:00 до 14:00 часот.
Исто така, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во општина Бутел, на улицата Призренска (бр. 6, бр. 8, бр. 2, бр. 18, бр. 53, бр. 22, бр. 9, бр. 1 и бр. 3), во периодот од 09:00 до 15:00 часот.
Граѓаните се советуваат навреме да се подготват за прекинот и да ги прилагодат своите активности.