ПРВ.мк
Скопје

Првиот билборд исчезна од Железничката станица во Скопје – граѓаните реагираат!

Првиот билборд исчезна од Железничката станица во Скопје – граѓаните реагираат!
Kristal

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, на својот Фејсбук профил објави дека започнува отстранување на сите билборди од Железничката станица Скопје, јави 4NEWS.mk.

Ивановски истакна дека оваа иницијатива е дел од напорите за враќање на оригиналниот изглед на станицата. „Во насока на ослободување на просторот и автентичниот изглед на железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и други информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат изгледот на станицата“, напиша тој.

Процесот ќе се одвива фазно и ќе заврши со целосно чистење на надворешниот изглед на станицата, вклучително со соодветна илуминација. Ивановски ја изрази благодарноста до компаниите чии билборди се отстрануваат, нагласувајќи дека тие ја разбрале важноста на овој процес и се согласија со отстранувањето.

Со оваа иницијатива, Скопје се приближува кон обнова на историскиот и архитектонскиот изглед на една од најзначајните транспортни точки во градот.

FixCredit
Atensa 300
Escape