По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, спроведе акција во која на жените им беа подарени цвеќиња и мотивирачки пораки како симбол на почит и заложба за родова еднаквост.

На иницијатива на Ѓорѓиевски, во акцијата учествуваа и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерот за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, министерот за спорт Борко Ристовски, пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска и претседателката на Советот на Општина Кисела Вода, Светлана Колариќ.

Покрај споделувањето на симболични подароци, низ општината и на автобуските постојки беа поставени пораки со кои се истакнува важноста на жените во сите сфери на општеството.
„Ова е мала, но значајна потврда дека грижата за жените и нивната улога во општеството е приоритет. Присуството на министрите денеска само потврдува дека родовата еднаквост е заедничка заложба на локално и национално ниво,“ изјави Ѓорѓиевски.
Со оваа иницијатива, локалната власт во Кисела Вода испрати порака дека почитта и поддршката кон жените не треба да бидат само на 8 Март, туку секој ден.