ПРВ.мк

Ѓорѓиевски најави нов мега парк и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца во Кисела Вода

Ѓорѓиевски најави нов мега парк и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца во Кисела Вода
Jumbo Banner

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави изградба на нов мега парк и првиот инклузивен сообраќаен полигон за деца, на местото на поранешна депонија во општината. Проектот има за цел да го трансформира просторот во модерен, уреден и едукативен центар за најмладите жители.

Паркот, кој ќе се простира на површина од 1.250 квадратни метри, ќе биде изграден во дел од просторот на специјализираното училиште „Димитар Влахов“, каде што учат деца и младинци со оштетен вид. Тоа ќе биде прв ваков простор во општината, кој ќе биде целосно инклузивен и адаптиран за сите деца, вклучително и оние со попреченост.

„Градиме простор каде што децата ќе можат да играат, да учат и да се развиваат во безбедна и пристапна околина. Особено сум горд што полигонот ќе промовира еднаквост, разбирање и интеграција уште од најрана возраст“, изјави Ѓорѓиевски.

Полигонскиот простор ќе биде опремен со пристапни патеки, звучни и визуелни елементи, тактилни површини и едукативни содржини. Дополнително, целиот парк ќе биде хортикултурно уреден, со поставени детски реквизити, урбана опрема, осветлување и зеленило.

Проектот е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за зголемување на зелените површини и подобрување на квалитетот на животната средина. Според податоците на општината, во изминатите 3,5 години се оформени и уредени над 80.000 квадратни метри нови зелени површини.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран