ПРВ.мк

Ѓорѓиевски и Мицкоски во Драчево: Реконструкција на коритото на Мала Рада нови капитални проекти за подобрување на животот во Кисела Вода

Ѓорѓиевски и Мицкоски во Драчево: Реконструкција на коритото на Мала Рада нови капитални проекти за подобрување на животот во Кисела Вода
VERO Banner

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, и првиот вицепремиер Изет Меџити, денеска беа во селото Драчево, каде започнаа градежните активности за реконструкција и санација на бетонското корито на реката Мала Рада. Овој проект, кој е поддржан од Владата на Република Македонија, ќе има големо значење за локалната заедница.

Проектот е вреден 30.800.000 денари и ќе обезбеди поголема пропусност на водотокот, намалувајќи го ризикот од поплави. Реката Мала Рада се протега долж село Драчево во должина од 2,5 км, а санацијата на бетонските профили и потпорните косини ќе ја подобри инфраструктурата и ќе ја унапреди урбаната слика на регионот.

„Овој проект е од суштинско значење за безбедноста на нашите граѓани и за подобрување на животната средина. Благодарност до Владата и премиерот Мицкоски за поддршката, како и до сите кои работат на неговата реализација“, изјави Ѓорѓиевски.

Освен за санацијата на реката, Општина Кисела Вода аплицира и за изградба на пешачка патека со урбана опрема која ќе се протега долж левата страна на реката. Ова ќе биде ново место за одмор и рекреација на граѓаните.

„Ова е само еден од многуте капитални проекти кои се реализираат во општина Кисела Вода. Им благодариме на Владата за континуираната поддршка и се радуваме на сите идни проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата и квалитетот на животот за нашите граѓани“, додаде Ѓорѓиевски.

Проектите продолжуваат со реконструкција на патот до манастирот Пеленица, улицата „Ѓорѓи Димитров“, како и доградба на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, што ќе овозможи нови училници и подобри услови за образование.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран