ПРВ.мк

Ѓорѓиевски: Фотоволтаични системи за сите основни училишта во Кисела Вода – голем чекор кон енергетска ефикасност и одржливост!

Ѓорѓиевски: Фотоволтаични системи за сите основни училишта во Кисела Вода – голем чекор кон енергетска ефикасност и одржливост!
Jumbo Banner

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес го означи почетокот на значаен проект за унапредување на енергетската ефикасност во образовните институции. Заедно со министерот за образование и наука, Весна Јаневска, во ООУ „Партенија Зографски“ беа поставени фотоволтаични системи, како дел од проектот што ќе вклучи сите основни училишта во општината.

„Со поставувањето на фотоволтаични системи, не само што заштедуваме енергија, туку и ги намалуваме трошоците за електрична енергија, а средствата кои ќе се заштедат ќе бидат пренасочени во подобрување на наставните услови и образовниот процес“, истакна Ѓорѓиевски.

Проектот, кој ќе биде завршен до средината на мај 2025 година, ќе вклучи и други општини. Фотоволтаични системи ќе бидат поставени и во општина Зелениково (ПОУ „Марко Цепенков“) и во општина Карпош (ООУ „Владо Тасевски“ и ООУ „Војдан Чернодрински“).

Проектот вреди над 11 милиони денари и се реализира преку финансиско партнерство со Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Скопски Плански Регион, преку Програмата за развој на планските региони.

„Овој проект е важен не само за енергетската ефикасност, туку и за создавање на финансиски стабилни и еколошки одговорни образовни институции“, додаде Ѓорѓиевски.

Сите училишта кои ќе бидат опремени со он-грид фотонапонски системи до 20 KW, ќе станат енергетски независни, што ќе придонесе за подобрување на образовните услови и штитење на животната средина.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран