На 6 декември 2025 година, околу 01:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје спровеле акција на подрачјето на општина Аеродром, при што го привеле 29-годишниот Р.М. од Неготино. Приводувањето следело по пријава од 41-годишна скопјанка, која пријавила дека на 2 декември 2025 година, во стан лоциран на подрачјето на Центар, била присилена на полови дејствија.
Според пријавата, осомничениот го искористил моментот за да направи видео-снимки со својот мобилен телефон, без согласност на жената. По извршеното дело, тој ѝ упатувал сериозни закани и барал пари, уценувајќи ја дека доколку не му плати, ќе го објави видеото на социјалните мрежи.
Полицијата веднаш презела мерки, а по неговото приведување започната е постапка за целосно документирање на случајот. По завршување на истрагата ќе следува соодветна пријава против осомничениот.

















