ПРВ.мк

Советот на Битола во 2018 дал СОГЛАСНОСТ за основање на „регионална депонија“ во Пелагонија

Советот на Битола во 2018 дал СОГЛАСНОСТ за основање на „регионална депонија“ во Пелагонија
VERO Banner

Советот на Општина Битола уште во март 2018 година донел одлука за давање СОГЛАСНОСТ за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Пелагонискиот регион од страна на Владата на Република Македонија. Оваа информација може лесно да се провери на веб страната на Општина Битола  каде се одлуките од Службен гласник од 16. 3. 2018 година.

Советот на Општина Битола за времето кога на власт беше Наташа Петровска донел ЗАКЛУЧОК за објавување на одлуката за давање согласност за основање регионална депонија и потребната инфраструктура за Пелагонискиот регион од страна на Владата на Република Македонија.

Со тој состав со Советот управуваше Валентин Груевски од ЛДП, а  советниците беа и дел од сегашните креатори на локални и државни политики, како Жанета Наумовска, Методија Илиевски, Борче Корлевски, Габриела Илиевска, Иван Чулакоски, Борче Димитровски, Тони Коњановски, Олга Лозановска…

Во прилог одлуките достапни на веб страната на Општина Битола во службени гласници. Заклучокот е потпишан од екс градоначалничката Наташа Петровска.

Messenger creation 77C450EB 4B34 4700 B9E1 EBC83BDE076E

Messenger creation B05EBC36 A145 455D 88D2 36ED7CD83013

Тогашната градоначалничка Наташа Петровска во интервју за „Вистиномер“ одговара и за одлуката на Советот за регионална депонија. На прашањето на медиумот Петровска вели:

„Донесовме одлука на Совет со која ја поддржавме владината решеност да се изгради регионалната депонија. Факт е дека имаме третман на ѓубрето што е надвор од сите современи стандарди во цела држава, како што е факт дека имаме насекаде диви депонии. Тоа мора да се реши. Современиот третман на отпад не е само зачувување на животната средина, туку и можност за заштеда на општината преку низа последователни приходи од тој третман.“ вели Петровска за Вистиномер – целиот текст на следниот линк vistinomer.mk/

Во изјава за „АПЛА“во текстот од март 2018, под наслов „Во Пелагонија ќе се гради регионална депонија, најави Валентин Груевски од советничката говорница“, тогашниот претседател на Советот вели:

„Во Пелагонискиот регион ќе биде изградена регионална депонија , чија вкупна вредност ќе биде 40 милиони евра. Секоја од општините требаше да партиципира со соодветен износ на средства , што за Општина Битола  требаше да изнесува 4 милиони и  420 илјади евра , бидејќи тие пари како Општина не ги располагаме, Владата на Р. Македонија на себе ја презема обврската да го финансира целокупниот дел. Ова што сега се прави ќе има големо влијание за заштита на животната средина, а тоа ни беше една од обврските кои ги преземавме во кампањата и едно од ветувањата кон граѓаните. Оваа регионална депонија ќе биде со претоварни станици во неколку градови, значи после  4 години Битола ќе има регионална депонија, рече Валентин Груевски претседател на Советот  на Општина Битола на денешната седница на која беше усвоен предлогот за  реализирање на проектот за изградба на регионална депонија во овој крај.“, стои во линкот на apla.mk

Каја Шукова потпретседател на СДСМ

Фото архива- Каја Шукова (тогашен државен секретар во Министерство за живона средина, сега потпретседател на СДСМ) и Валентин Груевски (тогашен претседател на Советот) 

Во изјава за „Независен“ од март 2022 година, за „регионалната депонија“ зборува и Каја Шукова, актуелен потпретседател на СДСМ, а тогаш државен секретар во Министерство за животна средина.

„Треба да се напомене и дека во моментов целиот создаден комунален цврст отпад се отстранува на неконтролирани, нестандардни комунални и диви депонии и во двата региона. Поради тоа, постојат многу негативни влијанија врз флората и фауната. Формирањето на депонијата ќе овозможи затворање на сите неконтролирани депонии и ќе доведе до безбедно отстранување на остатоците од отпад на стандардната депонија, што ќе доведе до многу позитивно влијание врз околината. Ова подобрување се однесува не само на регионално ниво, туку и на локално ниво, бидејќи во моментов во границите на предложената локација работи нестандардна општинска депонија“, рече Каја Шукова државен секретар во министерство за животна средина за nezavisen.mk/

Во изјава за порталот „Битоланјус“ тогашниот, и сега актуелен советник Методија Илиевски дава изјава во март 2018, и во текстот со наслов „Годинава ќе почни да се гради регионална депонија со вредност над 40 милиони евра, донација од Владата“, меѓу другото објаснува:

Оваа регионална депонија ќе помогне во собирање на отпадот од Општина Битола, градовите во Пелагонискиот регион, донатор на таа регионална депонија ќе биде Владата. Ова ќе овозможи решавање на проблемот кој го има Општина Битола и другите општини со аерозагадувањето и намалување на штетите. Локацијата се уште не е утврдена, но Пелагонискиот регион ќе ја добие оваа депонија, таа е се уште предмет на анализа, но сигурно ќе знаеме за брз период каде ќе биде поставена. Во 2018 година сигурно ќе се започне со изградба, рече Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола,  пренесува bitolanews.mk

Методија

фото архива Методија Илиевски – советник, Габриела Илиевска, претседател на Совет

Кој се гласал за одлуките за регионалната депонија во март 2018, испративме прашање до Општина Битола и очекуваме утре да ни одговорат, оти денес е неработен ден.

Денеска, пак,  актуелната претседателка на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, објави нов статус на Фејсбук со кој по бурните реакции на јавноста на тема „регионална депонија во Пелагонија“  информира дека во понеделник во 13:00 часот ќе закаже вонредна седница на Советот на Општина Битола со една точка на дневен ред:

„Информации во врска со точките кои беа предложени до Советот на Општина Битола во врска со меѓуопштинската соработка и формирањето на комисија за формирање на регионално претпријатие за справување со отпад.“, напиша Илиевска и накрај наведува –„Итноста на седницата и присуството на истата не е потребно да се објаснува.“

текст Анета Блажевска

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран