Општина Тетово најостро го осудува несовесното однесување на граѓаните кои ја оштетуваат урбаната опрема во нашиот град. Последниот случај на оштетување на електричен столб на „Улицата на бутиците“ е пријавен до надлежните органи, кои веќе работат на расветлување на случајот.

Одговорните лица ќе бидат санкционирани согласно законот, а Општина Тетово апелира до сите граѓани да покажат поголема одговорност и да го зачуваат јавниот простор. Само со заеднички напори можеме да создадеме уреден и безбеден град за сите!