Денеска премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, изврши увид во градежните активности на проектот „Изградба на булевар Видое Смилески Бато – I фаза“, на потегот од Фуштанска до село Порој, во Општина Тетово.

Станува збор за капитален инфраструктурен зафат кој опфаќа изградба на коловоз, разделен појас, тротоари, како и комплетна подземна инсталација, фекална и атмосферска канализација, водовод и електрика. Булеварот ќе биде долг 1.783 метри, а со првата фаза веќе се реализираат 650 метри.

„Ова е уште еден чекор кон модерна, безбедна и урбано уредена општина Тетово. Владата се грижи за граѓаните преку реализација на капитални проекти кои значат подобар живот, побезбедна инфраструктура и подобри услови за сите“, изјави премиерот Мицкоски.
Со овој проект, Тетово добива современа сообраќајна артерија која ќе придонесе за подобар проток на сообраќајот, зголемена безбедност и поквалитетен урбан живот за граѓаните.