Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на ОУРЦ „Кочо Рацин“, кој се одржа во Центарот за култура со пригодна програма во изведба на учениците и наставниот кадар.

Во своето обраќање, Коњановски ја нагласи важноста на инклузивноста и заедништвото како темели за напредок и успех во општеството. „Успешноста на ваквите случувања е потврда на нашата заложба да изградиме општество во кое секое дете добива поддршка, љубов и можност да ги развие своите потенцијали, без разлика на предизвиците со кои се соочува,“ изјави тој.

Учениците и тимот од училиштето преку креативна и инспиративна програма го чествуваа ликот и делото на Коста Апостолов Солев Рацин, пренесувајќи порака дека попреченоста не е пречка за заеднички успеси.

Во знак на благодарност, градоначалникот Коњановски доби признание од училиштето за неговата заложба и поддршка во создавањето инклузивна средина во Битола.