ПРВ.мк

Фото вест: “Ултрас Битола“ за Велигден донираа за Домот за доенчиња и деца без родители во Битола

Фото вест: “Ултрас Битола“ за Велигден донираа за Домот за доенчиња и деца без родители во Битола

По повод големиот христијански празник Велигден подгрупата од навивачката група “Чкембари“, “Ултрас“ од Битола деновиве реализира хуманитарна акција, а денес донацијата беше предадена во Домот за доенчиња и деца без родители во Битола.

Донацијата која денес “Ултрасите“ ја предадоа во Домот се состои во храна и друго што му е потребно на Домот. 

Идејата и реализацијата на оваа хумана акција “Ултрас“ ја негуваат подолго време, а донираат во Домот за доенчиња и деца без родители во Битола традиционално на Велики Четврток за Велигден, а донираат и за Божик. Од Домот за доенчиња и мали деца се заблагодарија на донацијата и на “ултрасите“ им доделија благодарница за спроведената хуманитарна акција.

Инаку “Ултрас“ Битола е подгрупа во “Чкембари“ и е една од најстарите, која годинава  прослави 20  години, а формирана во 2005 година. 

Vero
Agria