ПРВ.мк

Коњановски: Инвестициите во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ се вложување во иднината

Коњановски: Инвестициите во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ се вложување во иднината
Jumbo Banner

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го посети средното техничко училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, каде заедно со директорката Жанета Сервини и наставниот кадар разговараше за реализираните инвестиции со кои значително се подобруваат условите за работа и практичната настава.

Најголемата инвестиција во училиштето е изградбата на фотонапонска централа со капацитет од 40 kW, поставена на покривот на објектот. Оваа инвестиција ќе ја зголеми енергетската ефикасност и ќе ги намали трошоците за електрична енергија. Дополнително, учениците ќе имаат можност да работат со едукативен фотонапонски панел и ардуино комплети за соларни системи.

Во соработка со локалната самоуправа и Министерството за образование, училиштето е опремено со нова информатичка и стручна опрема, меѓу кои компјутери, графички картички, 3D принтер, термовизиска камера, тестери на соларни системи и многу други алатки што ќе им овозможат на учениците практично образование на највисоко ниво.

Директорката Жанета Сервини изрази благодарност за поддршката и истакна дека благодарение на овие инвестиции, учениците освојуваат награди на национални натпревари и се подготвуваат за успешна професионална иднина.

Градоначалникот Коњановски најави дека Општина Битола ќе продолжи да инвестира во образованието и во создавањето модерни услови за стручно усовршување на младите.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран