Рано утринава, цела Македонија остана без струја, поради дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Па така, жителите на Скопје, но и на Гевгелија, Куманово, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево беа без електрична енергија.
Од „МЕПСО“ велат дека станува збор за проблем кој го има во Европа, но и регионот.
„Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата“, соопшти АД МЕПСО.
Електричната енергија се врати во функција за еден, а во некои часа за два часа по прекинот.