По краткотрајното заладување, повторно не очекуваат сончеви и потопли денови, најавуваат од УХМР. Денеска времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност и температури до 34°C, додека во попладневните часови се можни изолирани поројни дождови и грмежи.
Во Скопје ќе преовладува сончево време, со максимални 33°C и слаб северен ветер.
Викендов ќе доминира сонце, но нестабилност не се исклучува – особено во попладневните часови. Од понеделник пак, повторно се очекува нестабилно време, а стабилизација дури од вторник.