ПРВ.мк
Македонија

Земјотрес регистриран во Македонија - ова се деталите!

Земјотрес регистриран во Македонија - ова се деталите!
Escape

Земјотрес почувствуван во Македонија!

Синоќа во 23:37 часот е регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во близина на Галичник, во западниот дел на Македонија.

Според првичните информации, потресот се случил на длабочина од 10 километри, на координати 41.560° северна географска ширина и 20.640° источна географска должина. Оддалеченоста од Скопје е околу 81 километар.

Земјотресот се почувствувал слабо и не предизвикал материјални штети. Според сеизмолозите, вакви слаби потреси се вообичаени за овој регион и не претставуваат причина за загриженост.

Mia Home Mavrovo