ПРВ.мк

За спортската сала во Охрид

За спортската сала во Охрид
VERO Banner

Здраво Трендо,

Потресен од целата трагедија ти пишувам со цел да ја подигнеме свеста на „одговорните“ за нашата колективна безбедност.

На едната страна од поттрибинскиот простор во салата Биљанини Извори со години е лоциран ноќен клуб кој работи после полноќ. Салата е симетрична, односно има по два излези под секоја трибина. Благодарение на тој ноќен клуб, двата излеза на едната трибина се комплетно затворени. 

Можеме само да претпоставиме што ќе се случи со луѓето што се наоѓаат на трибината доколку се појави проблем.

Ова го кажувам како човек кој има преживеано пожар во спортската сала Македонија во Прилеп на почетокот од деведесеттите години.

КМ

Извор: off.net.mk

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран