Следните два дена времето во цела држава ќе биде нестабилно, предупредуваат од УХМР. Облаци, пороен дожд, грмежи и ветер ќе го зафатат поголемиот дел од територијата, а локално се очекуваат и силни невремиња со поинтензивни врнежи и појава на град.
Температурите ќе се движат од 12 до 29 степени, а скопјани треба да бидат подготвени за невреме со услови за град. Веќе од среда ќе има мало намалување на нестабилноста и ќе дува засилен северен ветер.
Сончевото и стабилно време ќе се врати од четврток, кога започнува постепен пораст на температурите.
Ask ChatGPT