Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одржа вонреден прес каде соопшти дека пожарот во Трубарево е ставен под контрола и нема опасност од негово понатамошно ширење.
„На терен се ангажирани сите ресурси, а гаснењето се врши со ситна песок, што е единствен ефикасен метод за ваков тип на отпад. Радиационо зрачење нема. Во непосредна близина има висока загаденост, па жителите кои се најблиску до пожарот треба да ги напуштат домовите. За нив е обезбедено сместување во Центарот за обука,“ изјави Тошковски.
Министерот додаде дека веќе се вршат разговори со три лица во полициска станица за утврдување на причините за избивањето на пожарот.
„Овој тип пожари не е изолиран случај само во Македонија, ги имало и во Литванија, Белгија и Велика Британија. Се работи за глобален проблем кој бара стандардизиран пристап,“ потенцира тој.
Иако пожарот е локализиран, гаснењето ќе трае уште долго. „На само 50 метри од изворот температурата достигнува и до 500 степени. Овде горат батерии и специфичен електронски отпад, што бара посебен пристап,“ појасни Тошковски.
Жителите на Трубарево и околните населби и понатаму живеат во страв и неизвесност, додека густите облаци црн чад сè уште се над Скопје.