ПРВ.мк
Македонија

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Поплави и евакуации во овие градови!

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Поплави и евакуации во овие градови!
Kristal

Поради обилни врнежи од дожд, Центарот за управување со кризи соопшти дека состојбата е сериозна во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар, а сите надлежни служби се на терен.

  • Во Охрид, поплавени се подруми, дворови и неколку објекти, додека локалната самоуправа и екипи на „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат на терен.
  • Во Кичево, евакуирани се дел од жителите кои се сместени во привремени објекти со обезбедена храна и здравствена заштита. Поплавени се подруми, дворови и земјоделско земјиште.
  • Во Битола, зголемен водостој на реките предизвика локални излевања; поплавени се куќи, дворишта и земјоделски површини.
  • Во Тетово, пријавени се уривања на потпорни ѕидови и локални излевања на водотеци, додека полицијата и општинската механизација интервенираат.
  • Во Гостивар, поплавени се патни правци и делови од населени места; механизацијата работи на санација на штетите.

Центарот апелира до граѓаните да бидат внимателни, да не се приближуваат до надојдени водотеци и при потреба од помош да се јават на 112.

FixCredit
Escape