ПРВ.мк
Македонија

ВОДАТА НЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ: ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ОДГОВОРНОСТ!

ВОДАТА НЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ: ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ОДГОВОРНОСТ!
Kristal

Кризата со водоснабдувањето во Струга се смирува, но граѓаните сѐ уште не смеат да ја користат водата од чешмите. Иако матноста на изворот Шум постепено опаѓа, последните мерења покажуваат дека вредностите сѐ уште се над дозволените здравствени граници.

Според анализите на Центар за јавно здравје – Охрид, матноста на самиот извор изнесува 3,62 проценти, додека во градската мрежа вредностите варираат помеѓу 2,75 и 3,69 проценти. Најниски вредности се измерени во селата Заграчани и Ложани, но сепак, тоа не е доволно за безбедна употреба.

Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија, појаснува дека максимално дозволената матност е 1,5 проценти. И покрај тоа што вредностите се значително пониски отколку на почетокот на февруари, забраната за користење на водата останува на сила.

Хронологијата покажува постепено подобрување: од 28,56 проценти матност на 9 февруари, на 10,17 проценти два дена подоцна и 7,3 проценти на 13 февруари. Според здравствените власти, доколку трендот продолжи, водата би можела наскоро да стане безбедна.

Паралелно, Основно јавно обвинителство Струга отвори предмет за утврдување на причините за загадувањето и можни кривични дела против животната средина. Градоначалникот Менди Ќура најави ангажирање на приватна институција за дополнителни стручни анализи, со цел да се идентификуваат структурни слабости и да се спречат слични проблеми во иднина.

За жителите на Струга, главното прашање останува кога водата повторно ќе биде безбедна и како да се спречат идни кризи.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo