ПРВ.мк
Македонија

Излезноста до 17 часот: Крива Паланка над 56%, Кратово близу 50%, Ранковце над 57%

Излезноста до 17 часот: Крива Паланка над 56%, Кратово близу 50%, Ранковце над 57%

Според последниот пресек на општинските изборни комисии, до 17:00 часот во Крива Паланка излезноста изнесува 56,01%, додека во Кратово излезеноста достигна 49,67% од вкупниот број граѓани запишани во единствениот избирачки список.

Во Крива Паланка, од 16.534 гласачи на 47 избирачки места, досега гласале 9.252 граѓани. Во Кратово, од 7.438 запишани гласачи на 33 избирачки места, своето право на глас го оствариле 3.691 граѓанин.

Во Ранковце, до истиот период, гласале 57,07% од запишаните гласачи, што ја прави општината со највисок процент на излезност меѓу овие три општини до пресекот во 17 часот.

Овие податоци покажуваат значителна активност на граѓаните, со особено висок интерес во Ранковце и Крива Паланка, додека Кратово се движи близу половина од граѓаните да излезат на гласање.

Escape