ПРВ.мк
Македонија

Во најмалата општина во македонија гласаа 80% од гласачите а еве колку имаат право на глас

Во најмалата општина во македонија гласаа 80% од гласачите а еве колку имаат право на глас

Во малото село Горно Чичево во општина Градско, изборниот одѕив достигна речиси неверојатни бројки. Од вкупно 10 запишани гласачи, на изборите излегле 8, што претставува излезност од 80% – една од највисоките во државата.

Иако станува збор за едно од најмалите гласачки места во Македонија, ваквиот процент покажува голема дисциплина и интерес кај локалното население за учество во изборниот процес.

Додека во дел од општините излезноста е критично ниска и се заканува повторување на гласањето, Горно Чичево стана пример за граѓанска одговорност и изборна активност.

Официјалните податоци од ДИК потврдуваат дека ова село, и покрај малата бројка на гласачи, покажало највисока посветеност во исполнување на демократското право.

Escape