ПРВ.мк
Македонија

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА СТОТИЦИ ТОНИ СКРИЕНО ЗЛАТО: Доколку немате детектор еве како да го пронајдете!

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА СТОТИЦИ ТОНИ СКРИЕНО ЗЛАТО: Доколку немате детектор еве како да го пронајдете!

Додека со децении кружат приказни за закопани богатства низ Македонија, научниците открија необичен метод кој би можел да помогне во пронаоѓањето на подземни наоѓалишта на злато. Наместо скапи уреди и обемни ископувања, клучот можеби се крие во самите дрвја.

Истражување објавено во научното списание „Nature Communications“ покажува дека одредени видови дрвја можат да откријат присуство на злато длабоко под земјата. Научниците утврдиле дека некои растенија преку своите корени апсорбираат микроскопски честички од благородниот метал и ги пренесуваат до листовите и гранките.

Геохемичарот д-р Мел Линтерн од австралиската организација ЦСИРО објаснува дека неговиот тим открил траги од злато во лисјата, кората и гранчињата на дрвја кои имаат исклучително длабок коренов систем. Кај еукалиптусот, на пример, корените можат да достигнат длабочина и до 40 метри, што им овозможува да дојдат во контакт со минерали кои се наоѓаат далеку под површината.

За да ги потврдат своите откритија, истражувачите користеле напредна технологија со Х-зраци која овозможува анализа на материјали на микроскопско ниво. Резултатите покажале присуство на златни честички во различни делови од растенијата.

Иако количините се исклучително мали, научниците сметаат дека ова претставува важен показател за постоење на поголеми наоѓалишта во подлабоките слоеви на земјата. Според нив, дрвјата всушност се обидуваат да го изолираат златото бидејќи тоа може да биде штетно за нивниот организам, па го насочуваат кон лисјата и периферните делови.

Овој метод може значително да ја намали потребата од скапи и инвазивни истражувања. Наместо големи ископувања, доволно е да се анализираат примероци од лисја, кора или гранчиња, што воедно ја намалува и штетата врз животната средина.

Научниците посочуваат дека истиот принцип може да се користи и за откривање на други метали, меѓу кои железо, бакар и олово. Според нив, слични траги можат да се појават и кај други видови дрвја како даб и бука.

Во Македонија, пак, со генерации се раскажуваат легенди за огромни количини закопано злато. Иако повеќето од овие приказни никогаш не биле потврдени, тие и денес предизвикуваат интерес кај многумина.

Една од најпознатите легенди е поврзана со наводно богатство од Отоманската банка во Битола. Според преданијата, во последните денови од Отоманската империја биле скриени околу 1.200 килограми злато во околината на Расимбеговиот мост на Црна Река во Мариово.

Приказните велат дека обидот за пренесување на богатството кон Турција пропаднал, по што златото било закопано на тајна локација. Според легендата, постоела и карта што го покажувала местото каде било сокриено богатството.

Слични преданија постојат и за други делови од земјата. Во некои приказни се споменуваат десетици, па дури и стотици тони закопано злато во велешкиот регион и во источна Македонија. Во народните легенди често се спомнува и таканареченото комитско злато, кое наводно било сокривано во цркви и манастири.

Низ годините трагачи по богатства копале на бројни локации во близина на Катланово, Делчево, Струмица, Радовиш, Црна Река и други места низ државата. Голем број приказни се поврзуваат и со пештерите, каде според народните верувања биле криени злато, накит и други вредни предмети.

Иако ниту една од овие легенди досега не добила официјална потврда, тие продолжуваат да живеат меѓу народот и да ја поттикнуваат љубопитноста за тоа дали некаде под македонската земја навистина се крие богатство кое сè уште чека да биде откриено.