ПРВ.мк
Македонија

ВНИМАНИЕ СЕ ШИРАТ НОВИ ИЗМАМИ: Маж измамен за над 24.000 денари - еве како!

ВНИМАНИЕ СЕ ШИРАТ НОВИ ИЗМАМИ: Маж измамен за над 24.000 денари - еве како!

Триесет и тригодишен жител на Тетово пријавил дека бил измамен при обид да обезбеди работна виза за Германија, информираат од СВР Тетово.

Според пријавата, кон крајот на 2024 година стапил во контакт со лице од Охрид, вработено во приватна консултантска фирма, кое му понудило посредување за добивање германска работна виза.

На 1 ноември 2024 година, оштетениот уплатил 24.520 денари на сметката на фирмата, по ветувањето дека постапката ќе биде завршена во рок од три месеци.

До моментот на пријавување, визата не била обезбедена, ниту пак средствата му биле вратени.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.