ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СМИРУВА: „Нема простор за паника – состојбата е под целосна контрола“

(ВИДЕО) СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СМИРУВА: „Нема простор за паника – состојбата е под целосна контрола“
Kristal

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека во моментов нема причина за загриженост и дека безбедносната состојба во земјата е стабилна. Таа ова го соопшти по завршувањето на седницата на Советот за безбедност, која се одржа во претседателската вила на Водно, а беше свикана поради влошените безбедносни прилики на Блискиот Исток.

„Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов“, нагласи претседателката, посочувајќи дека проценките се темелат на информации добиени од релевантните институции.

Според неа, состојбата е внимателно следена врз основа на податоците од Агенциите за разузнавање и национална безбедност, како и од ресорните министерства – за надворешни работи, за внатрешни работи и за одбрана, во координација со Генералштабот на Армијата. Таа потенцираше дека сите надлежни институции се во постојана комуникација и подготвеност, но дека во овој момент нема индикации за директна закана по државата.

Седницата на Советот за безбедност беше свикана како превентивна мерка, со цел навремено да се разгледаат можните ризици од регионалната ескалација и да се направи координација меѓу институциите. Претседателката истакна дека државата располага со механизми за навремена реакција и дека јавноста ќе биде транспарентно информирана доколку има какви било промени во безбедносната проценка.

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo