ПРВ.мк
Македонија

ВИДЕО: Ѓубреџии тргнаа да чистат, но си заминаа оставувајќи ѓубре покрај контејнерите

ВИДЕО: Ѓубреџии тргнаа да чистат, но си заминаа оставувајќи ѓубре покрај контејнерите

Во Аеродром се случи невообичаен инцидент – работници на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ започнаа да празнат контејнер на улицата „Вангел Тодоровски“, но поради непознати причини се премислија и заминаа, оставајќи цело ѓубре покрај контејнерите.

На снимката што ја обезбеди „Слободен печат“ се гледа како еден од хигиеничарите му вели на колегата да си заминат, додека сметот останува непроменет на улицата.

Овој случај ја истакнува сериозната состојба со отпадот во Скопје, каде преполните контејнери низ градот стануваат мини депонии. Особено загрижувачко е кај комплексот „Џевахир скај сити“, каде станарите веќе неколку недели се соочуваат со огромна дива депонија што постојано се зголемува.

Погледнете го целото видео тука

Escape