ПРВ.мк

ВИДЕО | Филипче вели дека „златната виза“ ја добил зашто преговарал за работа во болница во Дубаи

ВИДЕО | Филипче вели дека „златната виза“ ја добил зашто преговарал за работа во болница во Дубаи
Jumbo Banner

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашниот подкаст „Политиканти“ изјави дека поседува т.н. „златна виза“ во Обединетите Арапски Емирати, но дека не ја добил поради тоа што има недвижнини или што инвестирал во Дубаи. Тој рече дека визата ја добил откако бил во напреднати преговори за работа со болница во арапската земја, кои сега биле ставени во мирување поради неговиот избор за пратеник и потоа за претседател на СДСМ.

„Пред периодот кога се кандидирав за претседател на СДСМ и претходно пратеник, бев во преговори со една болница од Дубаи, за работа таму и добро напредуваа преговорите, дури и завршија една форма на валидација на документите, меѓутоа тој процес сега практично е ставен на стендбај“, рече Филипче.

„Златната виза“ во ОАЕ им овозможува на странските државјани долготраен престој во земјата од 10 години без потреба од локален спонзор, како и целосна сопственост врз бизниси на територијата на Обединетите Арапски Емирати. Владината програма е наменета за инвеститори, претприемачи, научници, талентирани професионалци и одлични студенти, овозможувајќи им постојан престој, право на работа и учење, како и можност да ги спонзорираат своите најблиски. Покрај тоа, носителите на „златна виза“ можат слободно да патуваат и да престојуваат надвор од земјата повеќе од шест месеци без да ја загубат визата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран