Борче Јованчевски успеал да се спаси од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, но се вратил со цел да помогне во извлекувањето на заглавените млади луѓе во моментот кога настанало стампедото по пожарот во дискотеката.
Борче за платформата supportkocani.com раскажа што се случувало кобната ноќ во дискотеката во Кочани.
“Пејачите рекоа ‘сите надвор, сите надвор, ќе се вратиме’. Тргнавме полека да излегуваме надвор, но наеднаш настана стампедо и хаос”, раскажа Јованчевски.
Борче изјави дека веднаш до него бил Лазе, член на обезбедувањето. Според изјавата на Борче, членот на обезбедување Лазе бил многу силен и можел да извлече повеќе луѓе, па ги подавале сите нанадвор. Пристигнал и неговиот дедо, со кој заедно почнале да ги вадат луѓето од дискотеката.
“Имаше запалено од едната страна бела даска која гореше, заедно ја кренавме и ја фрливме и дедо ми започна на левата страна да влече луѓе, а јас видов рака и некој ми го извика името. Тоа беше мојата сопруга. За среќа беше жива”, раскажа Борче.
Погледнете го видеото во продолжение:
Во пожарот во “Пулс” загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени. Во пожарот загина и возачот на Брзата помош, Иле Гоцевски, кој цела вечер и утредента пренесувал повредени лица од Кочани до Скопје. Кога пристигнал дома, Иле заспал и повеќе не се разбудил.