Главоболката може да биде многу непријатна, но со една шолја кафе може да се почувствувате како нови.
Домашното кафе е најпопуларниот напиток на нашите простори, а се смета дека потекнува од периодот кога бевме под турска окупација.
Со оглед на тоа колку долго траеше нивното присуство на Балканот, не е чудно што денес кафе редовно консумираме.
Болката во главата може да се јави рано наутро, но и преку ден. Понекогаш може да биде толку силна што ни таблетите против болки не помагаат.
Во тие ситуации, многу луѓе го избегнуваат кафето поради високата концентрација на кофеин.
Меѓутоа, само една состојка во комбинација со топлиот напиток може да ве ослободи од непријатноста.
Сварете си турско кафе на вообичаен начин, но без да додавате шеќер, цимет или млеко. Ставете го во шолја, а потоа нежно исцедете половина лимон. Не дозволувајте целосно да излезе сокот, туку дозирајте го според големината на шолјата.
Испијте го кафето. Со текот на времето, ќе почувствувате како болката во главата полека попушта, а вие ќе се опуштите.
Напомена: Ако главоболките се многу силни, постојани и незанемарливи, задолжително посетете доктор.
Оваа техника може да помогне ако имате лесни болки.