Полицијата вчера во 14:55 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица „Гостивар“, го уапсила 29-годишниот З.С. од гостиварското село Вруток.
„При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека З.С. управувал возило „голф“ со брзина од 173 километри на час на место каде што дозволената брзина е 80 километри на час. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, извести полицијата.