ПРВ.мк
Скопје

ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ КОИ ПАТУВААТ: ПОЛИЦИЈАТА И РСБСП СО АКЦИЈА НА ПЕТРОВЕЦ! Еве на што треба да внимаваат возачите

ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ КОИ ПАТУВААТ: ПОЛИЦИЈАТА И РСБСП СО АКЦИЈА НА ПЕТРОВЕЦ! Еве на што треба да внимаваат возачите

По повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведоа превентивно-едукативна акција на наплатната станица Петровец.

Активноста била реализирана на 15 ноември 2026 година, во периодот од 11 до 12 часот, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Под мотото „Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртви“, полициските службеници разговарале со возачите и им делеле едукативни летоци со пораки за одговорно управување со возилата и намалување на бројот на жртви во сообраќајот.

ПОСЕБНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЗИМСКАТА ОПРЕМА

За време на акцијата, возачите биле потсетени дека од 15 ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема во возилата.

Полицијата упатила апел брзината и начинот на возење да се приспособуваат на условите на патот, со цел да се заштитат не само возачите, туку и сите останати учесници во сообраќајот.

Преку ваквите превентивни активности институциите настојуваат да ја подигнат сообраќајната култура и да потсетат дека одговорното однесување зад воланот е еден од најважните услови за побезбедни патишта и помалку сообраќајни несреќи.

Најнови вести