Нестабилно време со поројни дождови, грмежи и силен ветер
Во следните денови нашето поднебје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе услови променливо облачно и топло време со повремени сончеви периоди. На повеќе места ќе има нестабилност проследена со врнежи од дожд и грмежи, а локално се очекува и појава на невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град – особено утре и за време на викендот.
Временска прогноза за Скопје:
Среда и четврток: Променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од Скопската котлина постојат услови за краткотрајни локални невремиња со силен ветер и можна појава на град.
Петок: Очекува се преодно стабилизирање на времето.
Викенд: Под влијание на нов влажен бран, повторно ќе има врнежи од дожд, локално пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.
Препорака:
Во случај на електрични празнења се препорачува зголемена внимателност. Избегнувајте престој на отворени простори и под осамени дрвја, со цел заштита од евентуални удари од гром.