ПРВ.мк
Македонија

УХМР издаде портокалов метеоаларм: Македонија утре под високи температури

УХМР издаде портокалов метеоаларм: Македонија утре под високи температури

Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалов метеоаларм за целата територија на Македонија поради високите температури што се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Според прогнозата на УХМР, времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 30 до 37 степени.

Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој на одредени места, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина до 60 километри на час.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16 степени, а максималната дневна ќе достигне околу 33 степени.

Топлото и претежно сончево време ќе продолжи и до крајот на новата работна седмица, со мала локална облачност во текот на денот. Од вторник се очекува ветерот да го промени правецот и да дува од југоисток.