Четириесет и осумгодишен жител на струмичко село е уапсен вчера, откако насилно ја нападнал својата сопруга со остар предмет, нанесувајќи ѝ повреди на телото. Пред нападот, тој се обидел со шприц да ѝ стави непозната течност во устата, велат од полицијата.
Случајот веднаш е пријавен во полициската станица во Струмица, а јавен обвинител ги надгледува мерките за целосно документирање на случајот. Против мажот ќе биде поднесена кривична пријава.
















