Денеска Црвениот крст ја изврши исплатата на средствата за семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство по трагичната несреќа во Кочани.
Со исплатата се опфатени 58 семејства на починатите лица, вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, како и 91 семејство на повредените лица кои се хоспитализирани во болници надвор од земјата.
За секое лице исплатени се 150.000 денари.
Во случајот на две семејства од починатите лица и 24 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство, се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во моментот се собираат податоци и за повредените лица кои се лекуваат во државата.
До денешниот ден вкупно се собрани 61.852.758 денари, соопшти Црвениот крст.