ПРВ.мк
Македонија

Цените растат, мерки најавени наскоро

Цените растат, мерки најавени наскоро

Државниот завод за статистика соопшти дека индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година се зголемил за 4,5% во споредба со истиот месец лани, додека индексот на малопродажните цени пораснал за 3,7%. Инфлацијата измерена на месечно ниво, во однос на мај 2025, изнесува 0,8%.

Најголем раст на цените е забележан во групите:

  • Транспорт (+2,9%)
  • Рекреација и култура, Храна и безалкохолни пијалаци (+1,1%)
  • Разновидни стоки и услуги (+0,9%)
  • Мебел и одржување домаќинство (+0,8%)
  • Ресторани и хотели (+0,5%)
  • Здравје (+0,3%)
  • Комуникации, Облека и обувки (+0,2%)
  • Домување и комуналии (+0,1%)

Министерството за економија најави дека ќе ги следи трговците и производителите и доколку се утврди манипулација или енормно покачување на цените, ќе се воведат ригорозни мерки, вклучувајќи можни ограничувања на цените и проширување на листата на производи под контрола.

Опозицијата ја критикува актуелната ситуација, истакнувајќи дека животниот стандард е најнизок во последниве години, со 70% од вработените кои земаат плата под 500 евра месечно. Според податоците, Македонија има една од најниските минимални плати во Европа, веднаш после Албанија.

Ситуацијата со растечките цени и стандардот останува една од главните предизвици за владата и граѓаните.