ПРВ.мк
Македонија

Признале вина за пожарот на Вардариште – тројца скопјани можат да завршат зад решетки до три години

Признале вина за пожарот на Вардариште – тројца скопјани можат да завршат зад решетки до три години

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје, тројцата обвинети за предизвикување пожар на дивата депонија Вардариште – Мејсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи – признаа вина за кривичното дело загрозување на животната средина и природата со отпад.

Според телевизијата Телма, обвинетите изразиле каење за стореното и увериле дека нема да го повторуваат делото. Тие исто така се согласија да соработуваат со надлежните органи за целосно отстранување на отпадот од депонијата.

Судот го констатираше признанието, а Обвинителството побара изрекување соодветна казна. За делото е предвидена затворска казна од три месеци до три години.

Escape