ПРВ.мк
Македонија

ТРИ НАПАДИ ЗА ЕДЕН ДЕН ВО СКОПЈЕ! Партнерки претепани во Чаир, Центар и Кисела Вода – полицијата со итна реакција

ТРИ НАПАДИ ЗА ЕДЕН ДЕН ВО СКОПЈЕ! Партнерки претепани во Чаир, Центар и Кисела Вода – полицијата со итна реакција
Kristal

Во рок од само 24 часа, на територијата на Скопје биле регистрирани три одвоени случаи на физичко насилство врз жени од нивните партнери, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Првиот случај бил пријавен утринава во 4:40 часот во СВР Скопје. 35-годишна жена пријавила дека неколку часа претходно, околу 1:40 часот во скопската населба Чаир, била физички нападната од својот 24-годишен партнер.

Во друг инцидент, кој се случил во населбата Центар, полициски службеници привеле 52-годишен маж откако било пријавено дека попладнето, околу 17 часот, физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка во нивниот дом. Лицето било лишено од слобода во 22 часот.

Третиот случај бил евидентиран во Кисела Вода. Полицијата извршила службен разговор со 45-годишен маж, осомничен дека физички ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка.

Од МВР соопштија дека по целосно расчистување и документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни пријави против инволвираните лица.

Овие случаи повторно ја отвораат темата за семејното насилство и потребата од навремено пријавување и институционална реакција.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo