Денеска, 19 октомври 2025 година, во 20:00 часот, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе одржи прес-конференција во просториите на МВР за локалните избори 2025.
На конференцијата се очекува да ги соопшти деталите за текот на изборниот ден, како и дали се регистрирани инциденти на гласачките места.
„Полицијата обезбедува мирен и безбеден изборен процес. Демократијата се гради преку активно учество на граѓаните“, порача Тошковски во својата денешна изјава, нагласувајќи ја важноста на достоинственото гласање и безбедноста на изборите.